Говорник на сцена пред полна сала на годишната конференција

За нас

Здружение за проектен менаџмент - ПМИ Македонија Скопје. Локалниот огранок на Project Management Institute.

  • 1.236

    членови

  • 67%

    со PMI сертификат

  • 4

    PDU поени по конференција

  • 8

    години заедница

Мисија

Да го подигнеме нивото на проектниот менаџмент во Северна Македонија.

  • Преку размена на искуство меѓу луѓе што ја работат оваа работа
  • Преку меѓународно признати стандарди
  • Преку заедница што опстојува подолго од поединечен проект

Како работиме

Огранокот го водат волонтери. Секој настан, секое предавање и оваа страница се работа на луѓе што тоа го прават покрај својот редовен ангажман, затоа што струката им значи нешто.

Што работиме

  • Организираме настани за заедницата на проектни менаџери

  • Организираме годишна конференција

  • Помагаме во подготовка за PMI сертификација

  • Ја поврзуваме струката со компаниите што вработуваат

Историја

Договорот за огранок со Project Management Institute е потпишан на 2 јули 2018 година, по завршувањето на фазите за основање и регистрацијата на здружението во Скопје. Првиот официјален настан се одржа на 17 октомври 2018 на ФЕИТ, со повеќе од 60 гости и осум излагачи; истата година почна и PMI Cafe, неформалната средба на членовите. Во 2019 огранокот работеше со студентите на ФЕИТ, го организираше првиот балкански проектен лидершип самит во Охрид на 29 и 30 јуни - чест што му припадна како најмлад огранок на ПМИ на Балканот, со поддршка од ограноците од регионот - и стана дел од European Chapter Collaboration. Огранокот ги брои изданијата на својата годишна конференција по сопствена низа: четвртото беше во ноември 2022, петтото, јубилејното, во ноември 2023, а изданието на 16 октомври 2026 е осмото. Од 1 февруари 2026 членството во огранокот е дел од членството во PMI, со едно зачленување на pmi.org.

  1. 2018

    Потпишан договор за огранок со Project Management Institute

  2. 2018

    Project Management Easy in Theory, but Difficult in Practice

  3. 2019 - 2021

    Меѓу конференциите. Огранокот продолжи да работи со студентите и со ограноците од регионот, а кога дојде пандемијата, таа работа се пресели онлајн.

  4. 2022

    What pushes the boundaries? Professionalism or passion?

  5. 2023

    The Evolution of Leadership in Project Management - Is It Time for Better Leadership?

  6. 2024

    Project Management and Leadership in the Future: Sprint or Marathon?

  7. 2025

    Empowering People, Elevating Projects - The AI Partnership Begins

  8. 2026

    Impact Over Output: Redefining Project Success - From Delivery to Value in a Changing World

    Претстојно издание